Намален бројот на мигранти во транзитниот центар „Винојуг“

Бројот на мигранти кои останаа во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ по затворањето на „балканската рута“ изнесуваше 240, а денеска тој број е под 70 поради постепеното нивно одлевање и неодамнешното заминување на поголема група мигранти, соопштија денеска од Центар за управување со кризи на Гевгелија.
Надлежните велат дека мигрантите преку Грција сакале да се вратат дома, но голем број од нив изразиле надеж дека ќе најдат нов пат до земјите членки на ЕУ, пред се до Германија.
Грижата за оние кои останаа во Гевгелија е постојана и секојдневна. Од РЦУК Гевгелија нагласуваат дека во кампот се обезбедени сите услови за згрижување на мигрантите во зимски услови.
- Бегалците се удобно сместени во затоплени контејнери. Имаат редовна здравствена заштита, добиваат по три оброци дневно. За нив се уредени 32 санитарни јазли и неколку за хендикепирани лица и мали деца, а имаат на располагање и пет перални за одржување на личната хигиена, велат надлежните.
Од страна на невладината организација „Млади правници“ на мигрантите им е обезбеден превод за остварување на законските права, а во соработка со Министерството за образование во кампот се спроведува проект за едукација на децата односно се одржува настава по неколку предмети на македонски, германски и англиски јазик и обезбедени се минимум услови за комуникација со најблиските преку интернет конекција.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
