Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

– Во периодот од 1 до 7 август 2022 година, за 18 отсто се намалил бројот на починати од Ковид-19 и за 19 проценти бројот на заразени во Грција, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатата седмица бил регистриран 100.421 случај на Ковид-19, од кои 21 отсто се реинфекции, а биле направени 728.373 тестови, со стапката на позитивност 13,79 отсто, наспроти 15,22 проценти пред една седмица.
Починале 314 лица, а во грчките болници во конкретниот период биле примени 2.343 и отпуштени 2.195 пациенти, додека пак вкупно 120 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.577.675 случаи на Ковид-19, а починаа 31.722 лица.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
