Намален криминалитетот на подрачјето на општина Крива Паланка и Ранковце

Криминалитетот на подрачјето на општина Крива Паланка и Ранковце бележи опаѓање од 10,2 отсто во второто полугодие од 2016 година, споредено со истиот период од 2015.
- Во текот на второто полугодие од минатата година регистрирани се 88 кривични дела, што во однос на второто полугодие од 2015, кога беа регистрирани 98, бележи намалување од 10,2 отсто. Од вкупниот број регистрирани кривични дела, реализирани се 52, со што е постигната вкупна реализација од 63,6 отсто, изјави Гоце Ивановски, командир на Полициска станица од општа надлежност, Крива Паланка, презентирајќи ја Информацијата за превземени мерки и активности на 39-та седница на Совет на општина Крива Паланка.
Намален е и бројот на поднесени кривични пријави и тоа за 22,7 отсто, поднесени се 51 кривична пријава против 84 сторители, додека во истито период во 2015 година биле поднесени 66 кривични пријави.
Од вкупно 84 дела од областа на класичниот криминал најголемо е учеството на имотни деликти со регистрирани 45 дела.
- Од 45 извршени имотни деликти, 25 се тешки кражби, од кои седум се расветлени, 18 обични кражби, од нив 15 извршени од страна на непознат сторител и две останати дела од областа на имотни деликти, додава Ивановски.
Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка во текот на второто полугодие од 2016 бележи три кривични дела од областа на економскиот криминал, сите „злоупотреба на службена положба“, како и едно дело од областа на недозволена трговија - кривично дело „недозволено држење оружје и распрскувачки материи“.
Ново на Сител
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
-

Викендов променливо облачно со сончеви периоди
-

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: Секој има право да си праќа писма, но моите чувства за прогон се се посилни
-

Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести
-

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот
