Намален водостојот на Преспанското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од трите езера само водостојот на Охридското Езеро е повисок од просекот за август и тоа за само еден сантиметар. Нивото на Преспанското Езеро е за 1,85 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината, а на Дојранското Езеро, пак, е пониско за 1,26 метри.
За разлика од езерата, водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки или се блиску до просекот за август. Најголеми отстапувања имаат реките Црн Дрим на мерното место кај Ложани и Брегалница кај Берово, каде нивото е речиси двојно пониско од просечното и Пчиња кај Катлановска Бања и Вардар кај Јегуновце каде нивото е скоро двојно повисоко од просечното.
Ново на Сител
-

Научно истражување: Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
-

Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес
-

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
-

Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
-

ФБИ и МВР во акција во Голема Речица: Откриен нелегален онлајн пазар вреден 500.000 долари
-

Приведен 26-годишен дрвокрадец од скопско | ФОТО
