Намалена видливост поради магла кај Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека магла со видливост од 30 до 50 метри има на Попова Шапка.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15 минатиот месец стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции