Намалена видливост поради магла на Ѓавато
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни. Намалена видливост до 100 м поради појава на магла има на планинскиот премин Ѓавато.
Од „Вијадукт Трејд“ известуваат дека и денеска се изведуваат градежни активности на Автопат А4, делница Миладиновци – Хиподром (во близина на наплатна станица Миладиновци), за што се изврши промена на режим на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија, во времетраење од три дена.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица (врска со Р1307) Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Ново на Сител
-
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста
-
Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
-
Кривична пријава за правно лице од Општина Босилово за даночно затајување
-
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар
-
МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода
-
Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева
-
Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето
-
597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање