Намалена видливоста на повеќе патни правци
Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот на повеќе патишта низ државата. Намалена видливост од 20 до 30 метри има на патот Велес-Штип, до 50 метри кај Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија, Скопје – Велес и Велес – Скопје, до 100 на патните правци Тетово – Скопје и Делчево – Македонска Каменица и од 100 до 200 метри на патот Штип - Св. Николе, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на ноќта и рано изутрина се реализираа предвидените полетувања и слетувања со исклучок на летот од и за Истанбул.
АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Изутринава е измерена најниска температура од минус пет степени во Битола, Скопје - Петровец и Берово, -4 Тетово, -3 Струмица, Д. Капија и Штип, -2 Лазарополе, Маврово, Скопје - Зајчев Рид, -1 Куманово, Прилеп, 0 во Крива Паланка, Виница и Охрид, 1 во Претор, 2 во Гевгелија, 4 во Крушево, 5 во Кавадарци, 6 во Дојран.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека денеска времето ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Во претпладневните часови со појава на магла по одделни котлини, која околу пладне ќе се растури речиси насекаде. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, попладне сончево со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 9 степени.
До среда ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла по котлините, особено во претпладневните и ноќните часови. Утре претпладне се уште ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла.
Ново на Сител
-
Прегласувањето во Охрид тече непречено
-
Мирна атмосфера на денешното прегласување во општините Долнени и Крушево
-
Вработените во Пошта во штрајк од јуни
-
Ацевски: Степенот на имплементација на целите за одржлив развој во националната рамка е задоволителен
-
Семејното насилство во галопирачки пораст
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор