Намалена затезна и казнена камата ќе се плаќа и 60 дена по вонредната состојба
Пресметката и наплатата на воведената со првиот економски пакет мерки помала законски затезна камата за 50 проценти, како и казнената камата во висина од 0,015 проценти за секој ден задоцнување, ќе се применува и 60 дена по престанување на траењето на вонредната состојба во државава.
Владата денеска донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба за да се овозможи зајакнување на сигурноста и одржливоста при поддршката на компаниите кои претрпеле штети во работењето заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење коронавирусот КОВИД-19.
Со првиот економски пакет за поддршка на стопанството законската затезна камата беше намалена за 50 проценти, односно од 10 на 5 проценти за правни кон правни лица и од 8 на 4 проценти за правно и физичко лице, а казнената камата за јавни давачки од 0,03 проценти на 0,015 проценти.
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница е донесена Уредба за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година, со која корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања, поради состојбата со КОВИД-19 се прави измена во поднесувањето на барањата за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Се овозможува податоците да се преземаат директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко, како и од регистрираните откупувачи на зелка, наместо сточарите и земјоделските работниците да одат во подрачните единици и да се изложуваат на ризик.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите