Намалени трошоците на живот во јули
Трошоците на живот во јули во однос на јуни годинава бележат пад од 0,3 проценти, а цените на мало се зголемени за 0,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, и трошоците на животот и на цените на мало во однос на јули лани бележат намалување од 0,3 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 8,2 отсто, јајцата за 1 отсто, сирењата за 0,8 отсто, оризот, замрзнатата риба и млекото за 0,5 отсто, компирот за 0,4 отсто, другите пекарски производи, јогуртот и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 2,3 отсто, течните горива и мазива за домаќинствата за 1,5 отсто, обувките и лековите за 1,2 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 0,8 отсто, другите медицински производи за 0,7 отсто, облеката и течните горива за домаќинствата за 0,6 отсто, мебелот за домаќинствата за 0,3 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот и електричната енергија за домаќинствата за 0,2 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај другите прехранбени производи за 1,5 отсто, другите преработки од риба и морски плодови за 0,9 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6 отсто, свежото и разладеното овошје за 0,5 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо и сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0,4 отсто и изнутриците за 0,3 отсто.
Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 11,9 отсто, услугите за сместување за 9,1 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 4 отсто, игрите и хобито за 3,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,9 отсто, гасот за домаќинствата за 1,5 отсто, социјалната заштита за 1 отсто, средствата за лична хигиена и здравје за 0,8 отсто, услугите за лична хигиена за 0,7 отсто, текстилот за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 отсто, големите и малите електрични апарати за домаќинствата за 0,3 отсто.
Ново на Сител
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут