Македонија
11. October 2016 - 13:03

Нападнат овчар во атарот на гостиварското село Страјане

Во Полициската станица во Гостивар вчера во 10.00 часот М.С (57) од гостиварското село Калиште, вработен како овчар кај Џ.И. од село Страјане, пријавил дека на 07.10.2016 година околу 12.00 часот, додека ги напасувал овците во атар на селото Страјане,  две непознати лица извршиле разбојништво врз него. 

Додека се ракувале со пријавителот, соопшти денеска МВР, едниот од нив го сопнал и го соборил на земја по што му ги врзале рацете со јаже и со закана со нож му побарале пари. Сторителите извршиле претрес над М.С. и од внатрешните џебови од палтото му  одзеле паричник  во кој имал еден клуч од стан, околу 150 евра во разни апоени и мобилен телефон. После тоа сторителите, така врзан, го однеле до шумата каде што едниот од нив го удрил неколку пати со тупаници во пределот на вратот и телото, а потоа го оставиле и си заминале. По кратко време М.С. успеал да ги одврзе рацете и се упатил во селото.

ПС ОН Гостивар презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.