Македонија
6. August 2024 - 18:22

Нападната 23-годишна девојка - скопјанец и го зел телефонот, чантата и насилно ја внел во возило

Ноќеска во 01:30 часот во СВР Скопје, А.Р.(23) од Скопје пријавила дека на 05.08.2024 околу 23:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, лицето А.Р. од Скопје, кој го познавала од порано, со употреба на сила ѝ го одзел мобилниот телефон и чантата со лични предмети и документи.

Според пријавеното, откако ги одзел предметите, лицето побарало од неа да влезе во неговото возило ако сака да ѝ ги врати, по што со употреба на сила ја внел во возилото, соопштува МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.