Нападнато седиштето на Синодот на Грчката првославна црква

Врз седиштето на Светиот Синод на Грчката православна црква во текот на изминатата ноќ е изведен напад со Молотов коктел, при што се уништени два автомобила во дворот, но зградата не е оштетена, јавија денеска американските медиуми.
Никој засега не ја презеде одговорноста за нападот, наведуваат американските медиуми.
Грчката Влада денеска го осуди нападот во Атина, ветувајќи дека и натаму ќе ги штити верските слободи во земјата.
Во изминатите неколку дена црковните објекти и имот веќе беа цел на вандализам и злонамерно палење, а нападите го сторија анархистички групи, потсетуваат американските медиуми.
Нападите следат откако полицијата минатиот месец ги избрка бегалците кои еден неискористен црковен објект во Солун го користеа како хостел, а минатиот викенд група анархисти ја прекина литургијата во солунската катедрала, наведуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
