Нападот во Берлин е местенка?! Хрватски политичар ги разбранува социјалните мрежи, тврди дека ова видео е доказ!
Представникот на Живиот ѕид во хрватски Сабор, Иван Пернар во понеделникот со својата објава на Фејсбук уште еднаш привлече големо внимание кај јавноста. Тој сподели приказна со која го доведува во прашање терористичкиот напад во Берлин.
Пернар истакнал дека му е премногу чудно што никој не ги видел жртвите од нападот во Берлин и дека се изгледа како една голема игра. Никој не видел ниту едно повредено лице, ниту пак се објавени имињата на жртвите, пренесува Индекс.хр.
- Една од најчудните работи е дека никој никаде не видел барем еден од од повредените, ниту пак е објавено ниту еден од настраданите од 19.12.2016 на Божиќниот саем во Берлин, напишал Пернар.
Во приказната што ја споделил Пернар, германскиот поборник на заговор Жерард Висевски ги анализира снимките од нападот, предупредувајќи на „нелогичности“ во целиот случај.
Подсетуваме, германската полиција ги потврди идентитетите на неколку убиени во нападот. Како што пишува Гардијан, убиени се 31 годишната Фабрициа ди Лоренцо, Далија Елјаким (чии сопруг е тешко повреден во нападот), Нада Цизмар и полскиот возач на камионот Лукас Урбан.
Ново на Сител
-
Иранскиот врховен лидер Хамнеи се закани со „разорен“ одговор на Израел и САД
-
МНР е во контакт со семејството за транспортирање на телото на загинатиот Македонец
-
Истражување: Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома
-
Дачиќ: Од 14 загинати, се уште не е утврден идентитетот на едно лице
-
Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци
-
Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно
-
Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија
-
ЕК: Македонија треба да донесе закон за здравје на животните согласно новото европско законодавство