Наредните денови ќе почне изградбата на новата социјална зграда во Струмица
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор деновиве ќе ја започне изградбата на нова социјална зграда за лица во социјален ризик во Струмица. Според раководителот Александар Маџаров, во зградата ќе има 41 стан со квадратура од 44 до 48 квадратни метри.
- Сите станови ќе имаат речиси иста квадратура и распоред. Станари може да бидат лица во социјален ризик. За разлика од претходната социјална зграда која беше наменета за лица со ниски примања и кои имаат право на закуп, но и на откуп на становите, новите жители од социјален ризик, нема да имаат право на откуп. Тие ќе добиваат договори за закуп на одредено време, а потоа ќе им бидат обновувани, рече Маџаров.
Во категоријата лица во социјален ризик влегуваат примателите на социјална или постојана парична помош, инвалидизирани лица, самохрани родители, деца без родители итн.
-Откако ќе завршиме со изградбата, министерството за транспорт и врски ќе објави оглас на кој може да стигнат апликациите на заинтересираните лица. Таму ќе се прави систематизација на оние кои ги исполнуваат условите и ќе бидат внесени во систем на кој по електронски пат ќе бидат избрани новите станари, додаде Маџаров.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ