НАРКОМАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЗАКОЛЕ ДЕВОЈЧЕ: Сакаше да му донесат дрога, но тогаш се појавија руските специјалци
Наркоман од градот Омск во Русија неодамна провалил во една семејна куќа и како заложник зел 13-годишно девојче. Тој бил во длабока криза и почнал да се заканува дека ќе го убие девојчето доколку полицијата не му донесе дрога.
Откако влегол во куќата во која девојчето било заедно со својата баба, наркоманот познат како Женја почнал да бара дрога или лекови во нивниот дом, но не успеал да најде нешто што ќе му ја смири кризата, па го грабнал девојчето и почнал да се заканува дека ќе го убие. Извадил нож и гласно викал дека ќе ја заколе без око да му трепне, доколку полицијата не му донесе дрога.
По подолги преговори со него, конечно руските специјалци ја преземаа работата во свои раце, влегоа во куќата и за молскавично успеаја да го „средат“ зависникот кој како да не беше при себе.
Во продолжение, погледнете го видеото.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека