Народен собир посветен на Св. маченица Недела
Во скопското село Горна Матка во манастирскиот комплекс Свети Спас и Марков град, односно Света Недела, денеска ќе се одржи Народен собир посветен на оваа маченица.
Церемонија ќе почне во 9 часот со света литургија во остатоците на еднокорабната црква Св.Недела, која потоа ќе продолжи во комплексот Свети Спас. Кумот и Црковниот одбор на Свети спас за одбележувањето на утрешниот верски празник обезбедија соодветна програма и ручек за гостите.
Црквата Света Недела во Горна Матка е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот меѓу 1350 и 1360 година.
Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Св.Никола и Св.Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите однатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, како и фигурата на Св.Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид.
Ново на Сител
-
Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Простување од Иле, возачот на Итна помош
-
„Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро“: Кочани тагува по својата Стефи
-
Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“
-
Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани
-
Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во пожарот во Кочани
-
Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови