Народна банка одржа предавања на три универзитети во земјава по повод Денот на европската статистика
Народната банка го одбележа Денот на европската статистика преку двонеделни предавања насочени кон младите економисти, како значајни корисници на статистичките податоци коишто ги објавува банката, а со единствена цел да се промовираат вредноста и придобивките од статистиката во процесот на носење одлуки.
-Статистиката, вакцина која ја штити демократијата и го спречува вирусот на дезинформации. Под ова мото на Европскиот комитет за статистика, одржа предавања на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ во Штип и „Американ колеџ Скопје“, како и на Земјоделскиот факултет – насока агроекономија при УКИМ, беа организирани со залагања на наставниот кадар, а беа подготвени и изведени од тимот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, информираат од банката.
Директорката на Дирекцијата, Султанија Бојчева-Терзијан на предавањата се осврна кон клучни аспекти поврзани со статистичките податоци коишто ги изготвува Народната банка – монетарната статистика и статистиката на каматните стапки, екстерните статистики и статистиката на финансиските сметки.
Од Народната банка информираат дека за време на предавањата биле опфатени и подетални стручни осврти, коишто ќе им бидат од корист и на младите истражувачи, а било опфатено и користењето на статистичкиот веб-портал „НБСтат“.
Тие додаваат дека особено ги радува интересот искажан од студентите, при што во рамките на предавањата беа отворени поголем број стручни прашања, на коишто тимот на Дирекцијата за статистика на Народната банка се потруди да им даде исцрпни одговори.
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
