Народна банка: Раст и на депозитите и на кредитите
И депозитите и кредитите во јуни забележале раст на месечно ниво под еден отсто, а на годишна основа депозитите имаат раст од 10,5 отсто, додека кредитите од 8,1 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.
Депозитите кај корпоративниот сектор забележаа раст од 1,3 отсто кој произлегува од растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при мал пад кај долгорочните депозити во странска валута. Стапката на годишен раст на депозитите изнесува 10,1% и е резултат на зголемувањето на сите категории, со најголем придонес на депозитните пари што објаснуваат две третини од растот.
Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен растод 0,4 отсто, во најголем дел заради растот на депозитните пари, како и растот на орочените депозити во денари и во странска валута. Годишниот раст изнесува девет отсто и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари и во странска вал
Во јуни, банките и штедилниците одобриле кредити на домаќинствата што на месечно ниво се повисоки за 1,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 9,9отсто. На месечно ниво, кредитирањето на домаќинствата во странска валута е поголемо од кредитирањето во домашна валута, додека на годишно ниво е обратно, односно придонесот на кредитирањето во денари е поголем во однос на кредитирањето во странска валута.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории –потрошувачките и станбените кредите забележан е месечен раст од 1,5 отсто, односно еден отсто, при годишно зголемување од 12 отсто, односно 12,9 отсто. Овој месец, автомобилските кредити забележле месечен пад од 1,2 отсто, при годишен раст од четири отсто додека кредитите одобрени на кредитни картички на месечно и на годишно ниво оствариле намалување од 0,4 отсто и 1,5 отсто, соодветно.
Негативните салда на тековните сметки забележале месечен и годишен раст од 1,9 отсто и 2,7 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи оствариле месечен раст од 0,4 отсто, при истовремен годишен пад од 8,2 отсто.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент

