Народната банка одлучува за одложување на наплатата на кредити
Комитетот на Народната банка во моментов одлучува дали и од кога ќе се замрзнат плаќањата на ратите за кредит.
Неофицијално, се размислува обврските на граѓаните и фирмите кон банките да се одложат на 3 месеци. Тоа значи ако ратата за кредит треба да се плати во април, ќе се реализира од јули.
Се чека потврда од Централната банка дали одлуката ќе важи за сите лица и фирми или само за најпогодените од кризата.
Народната банка треба да направи и законски измени со кој ќе им овозможи деловните банки да ги замрзнаат ратите, без да им се наруши бонитетот, односно без да им се калкулираат овие кредитите како нефункционални, односно ненаплатливи.
На социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Зоран Заев веќе најави дека на 3 месеци ќе се поместат плаќањата на кредитите, а паралелно со тоа на 3 месеци ќе прекинат и активностите на извршителите.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло