НАСА му плати 18.000 долари да лежи 70 дена

Кога пред две години се пријавил на оглас на Интернет, каде Американската вселенска агенција НАСА нуди 18.000 долари на лице кое ќе лежи во кревет 70 дена, Андреј Иваницки мислел дека тоа е работа од соништата. Се покажа дека, сепак, таа задача воопшто не е пријатна, всушност тоа било многу болно.
Како што јавуваат американските медиуми, 28-годишниот државјанин на САД учествуваше во експериментот „Bed-Rest-Study“ каде научниците на НАСА се обидуваат да дознаат како човечкиот организам, особено коските и мускулите, реагираат во вселената. Иваницки го започна експериментот во август 2014 година.
- Никогаш не сум лежел во болница, така што ова искуство беше целосно непознато. Самиот факт дека не смеев да седнам ја правеше цела ситуација уште поекстремна. Физички беше многу болно: телото не е навикнато да биде испружено толку долго време, рече Иваницки. Тој бил приморан 70 дена по ред да лежи во креветот чиј долен дел бил подкренат за шест степени за да може нозете да бидат на повисоко од главата.

Најтешки му биле првите неколку дена.
- Имав многу глвоболки, ме болеа коските. Многу е тешко да се биде цело време во хоризонтална положба, затоа што рбетниот столб лошо го поднесува притисокот на внатрешните органи, рече Иваницки.
Тој секоја вечер морал да заспива во 22 часот и наутро да се буди во шест. Во текот на денот не му било дозволено да дреме. Физиолошките потреби, како и капењето ги извршувал во лежечка положба. Во креветот, исто така, јадел, а тоа што воопшто не му се допаднало е тоа што морал секогаш без исклучок да изеде се од чинијата.

Што се однесува до плаќањето, тој доби 17.800 долари за вкупно 108 дена кои ги миналво кревет, како и за времето за подготовки на студијата и враќање во нормалниот живот. Тој морал на таа сума да плати данок од 5.000 долари.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
