Насилни протести во Атина поради посетата на Обама
Припадниците на специјалните единици на грчката полиција синоќа употребија солзавец и шок бомби за да растераат околу 3.000 демонстранти, приврзаници на екстремната левица, кои протестираа во Атина поради посетата американскиот претседател Барал Обама на Грција.
Како што јавија грчките медиуми, при судирите една жена е полесно повредена, а четири лица се приведени.
Судирите почнаа кога група млади лица со мотоциклистички кациги и гас маски и вооружени со дрвени плаки и молотови коктели, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да се упатат кон зградата на Амбасадата на САД во Атина.
По неуспешниот обид да го пробијат кордонот, демонстраните се повлекоа кон комплекост на атинскиот Политехнички универзитет, каде повторно се судрија со полицајците врз кои фрлаа молотови коктели.
Организатори на протестите беа неколку екстремно левичарски и анархистички групи, иако властите претходно забранија одржување на демонстрации за време на посетата на Обама.
Во исто време, околу 5.000 приврзаници на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) се собраа на посебен мирен протест во центарот на Атина против посетата на Обама. Во обраќањето на собирот, лидерот на партијата Димитрис Куцунбас оцени дека посетата на Обама претставува „провокација“.
Во организација на ККЕ мирен протест против посетата на Обама се одржа и во Солун, на кој присуствуваа околу 1.000 лица.
Дводневната посетата на Обама на Грција, што започна вчера, се одржува на два дена пред одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт на атинскиот Политехнички униветзитет во 1973 година против воената хуната во Грција, која беше сесрдно поддржувана од САД. По традиција, на тој ден во организација левичарските организации во Грција се одржуваат антиамерикански протести.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар