Наскоро во владина процедура закон за агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата
Подготвивме законско решение за агенција за безбедност на патиштата и наскоро ќе влезе во владина процедура, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше на увид на обновата на 19 километри на магистралниот пат Прилеп- Градско.
Според Бочварски, со оваа агенција ќе се подигнува нивото на безбедноста на патиштата.
-Примери од други земји во регионот и во Европа покажале дека ваквиот концепт и принцип на работа со обезбедување на едно извршно тело кое што ќе има поголеми ингеренции во делот на безбедноста на патиштата ги дава резултатите. Имавме целосна поддршка и од ЕУ преку нивните експерти и сознанија за да го изработиме ова како концептуално решение, а денеска веќе го имаме и како законско решение кое што ќе влегува во владина процедура. Веднаш потоа, по усогласувањето со сите ресорни министерства ќе оди и во Собранието за да биде одобрен овој закон, рече Бочварски.
Новото тело ќе има извршна улога со дел ингеренции од министерствата за транспорт и врски, за економија, за здравство и за внатрешни работи.
-На некој начин, ќе се надгради силата или моќта на ова кое што го имаме денеска како Републички совет за безбедност бидејќи ова има советодавна улога, а ова тело кое го формираме ќе има извршна улога и дел од ингеренциите кои ги имаат Транспорт и врски и МВР, Министерството за економија и Министерството за здравство ќе се прелеат во ова нова извршно тело. Тоа ќе значи дека во делот на безбедноста во сообраќајот ќе имаме една институција која ќе работи и убеден сум дека ќе ги даде своите резултати, изјави Бочварски.
Ново на Сител
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
