Наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“ на обука за дигитални технологии
Наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“ во рамки на проектот „Создавање на иновативна иднина“ учествуваа на обука за иновативни педагошки пристапи за создавање на технолошки збогатени средини за учење во кои учениците се активни учесници во образовниот процес, што се одржа во Севилја, Шпанија.
Како што соопшти општина Аеродром, наставниците се стекнале и со вештини за прилагодување и персонализирање на активностите за учење, со цел усогласување со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности со користење на дигиталните алатки и ресурси.
Проектот е дел од Еразмус+ програмата, а обуката е реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер IDevelop, стручен во професионален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности.
Учесниците на обуката, како што информираат, во следниот период ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање обуки за наставници од училишта од општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи