НАТО и ЕУ: Можни напади на ИД со биолошко и хемиско оружје

Терористичката група Исламска држава планира напади со билошко и нуклеарно оружје во Европа, сметаат функционери на НАТО и ЕУ, пренесува Танјуг.
Постои „оправдана загриженост" дека терористичката група се обидува да добие супстанца која може да се користи за да се развие билошко, хемиско и радиолошко оружје, јавува „Индипендент“.
Заменикот-шеф за противтероризам во Европската комисија Хорхе Берто Силва на саемот за безбедност и противтероризам во Лондон изјави дека ИД покажува заинтересираност да ги добие овие супстанци, пренесува „Индипендент".
Џејми Шеј, заменик-помошник генерален секретар за новите безбедносни закани, рече дека НАТО „знае дека терористите се обидуваат да ги добијат овие супстанци." Тој, исто така, предупреди дека ИД можеби се распаѓа на две фракции, една, која се занимава со заштита на т.н. калифат во Ирак и Сирија, и втора, кој е фокусирана на формирање терористички ќелии за напади на Европа, објави „Телеграф".
Белгиските власти, во меѓувреме, објавија дека веруваат дека по нападот на Брисел, во Европа се испратени уште екстремисти од редовите на ИД.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
