НАТО изрази подготвеност да остане во Авганистан

По 16 години присуство во Авганистан, НАТО денеска изрази подготвеност да остане во азиската држава додека е потребно.
- Ќе ја продолжиме мисијата сѐ додека е потребно. А, целта е локалните сили да ја преземат одговорноста за безбедноста, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Столтенберг соопшти дека властите во Обединетите Арапски Емирати и Катар денеска изразија подготвеност да се приклучат на Авганистанскиот сојуз за стабилизација.
- До 2015 година, НАТО беше ангажиран во борбените операции во Авганистан, што сега е задача на локалните безбедносни сили. Имаме прилики за загриженост и оптимизам во врска со ситуацијата во земјата, рече Столтенберг.
Тој додаде дека министрите за одбрана на Алијансата кои се состанаа вчера и денеска во Брисел ја потврдија одлуката да се зголеми бројот на војниците во Авганистан за уште 3.000. Исто така, останува заложбата земјите-членки на НАТО и нивните партнери да обезбедат една милијарда долари годишно за поддршка на авганистанските безбедносни сили.
Столтенберг истакна дека крајната цел е да се постигне трајно политичко решение во Авганистан. Тој додаде дека Пакистан треба да престане да обезбедува азил за талибанците
Според него, многу земји од Алијансата се залагаат за проширување на присуството на НАТО во Ирак, а владата во Багдад силно го поздрави овој пристап.
- Ние учествуваме во стабилизирањето на Ирак преку Коалицијата против Исламската држава (ИД). Проширувањето на мисија на НАТО во Ирак е пат кон воспоставување на трајна победа над ИД, посочи Столтенберг.
Русија и Кина имаат посебна одговорност по прашањето за Северна Кореја и за воведување на санкции што ги имаат усвоено Советот за безбедност на ОН.
- Ние сме длабоко загрижени и остро ги осудуваме ракетните и нуклеарните програми на Пјонгјанг со дострел до Европа и Северна Америка. Европските престолнини се поблиску до ракетите на Северна Кореја од Вашингтон, појасни генералниот секретар на НАТО.
Ново на Сител
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
