НАТО ја поддржува идејата за европска одбрана

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази поддршка за идејата за европска одбрана.
Тој за ова се изјасни на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки во Брисел.
- Верувам дека европската одбрана може да биде зајакната, без да се повторуваат активностите на НАТО. Немаме желба да се натпреваруваме самите со себе, појасни тој.
- Силната европска одбрана ќе го зајакне НАТО со повеќе можности, со усогласување и со подобро користење на средствата. Не станува збор за европска армија, ниту ЕУ да ги покрива структурите на НАТО. Верувам дека посилна Европа ќе биде од корист за силата на НАТО, нагласи Столтенберг.
Зајакнувањето на европската одбрана е еден од приоритетите на Европската комисија, претставени од претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер во септември пред Европскиот парламент.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
