-->
-->
Научниците открија што навистина предизвикува рак
-->

Порано се веруваше дека ракот ги избира жртвите по принцип на „руски рулет“ или случајност. Сега е откриено дека тоа и не е баш така.
Научниците открија дека во 70 до 90 проценти од случаите, болеста од рак се должи на надворешни фактори, а не поради лошата среќа како што неодамна се тврдеше.
Најновото истражување објавено во списанието „Nature“ покажува дека само 10 до 30 проценти од заболување од рак е поврзано со природно функционирање на телото, односно „среќа“, а дека многу поголемо влијание за појава на рак имаат факторите како што се пушење, еколошко загадување, зрачење и други надворешни влијанија.
Ракот се појавува кога матичните клетки почнуваат да се размножуваат безк онтрола. Понекогаш до тоа доаѓа поради некоја вродена генетска мутација, но тимот на лекари од центарот за лечење на рак „Stony Brook“ во Њујорк заклучил дека тоа е навистина реткост.
- Надворешните фактори играат важна улога во овој процес и луѓето не можат да се скријат за теориите дека едноставно се несреќни. Не може да пушат, а потоа да велат дека имале лоша среќа, Кога играте руски рулет тоа е лоша среќа. она што пушачите го прават е додавање уште 2-3 куршуми во револверот - изјавил доктор Јусуф Ханун, директорот на овој центар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
