Наутро свежо, попладне сончево со мала локална облачност
Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку ден сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 Целзиусови степени, информираат од УХМР.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата. Во петок се очекува и засилен северен ветер претежно вдолж Повардарието.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“