-->
-->
Навивач на ФК Победа со метална шипка истепал полицаец
-->
Вчера во 19.30 часот во Скопје на Градскиот стадион, при извршување на работни задачи - обезбедување за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Победа од Прилеп, полициски службеник од Единица за јавен ред и мир од СВР Скопје, додека интервенирал при нарушен Јавен ред и мир, од страна на непознато лице од навивачката група на ФК Победа бил удрен со метална шипка во пределот на главата.
Лекарска помош му била укажана во Градска општа болница „Наум Охридски“, каде му била констатирана телесна повреда, по што бил пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија