-->
-->
Назор од недела нов тренер на „металците“
-->

Поранешниот тренер на Сплит и на Задар Анте Назор, е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром објави на својата интернет страница македонскиот првак. Договорот официјално е потпишан денеска и е со важност до крајот на сезоната, но со можност истиот да се продолжи ако двете страни бидат задоволни од меѓусебната соработка.
Назор кој има 38-години е хрватски стратег, кој зад себе има повеќе од солидно искуство предводејќи го задарскиот тим неколку сезони во АБА-лигата. Со само 26 години дебитира на клупата на поранешниот европски шампион Сплит, со кој една години подоцна (2005) доаѓа до победничкиот пехар во Купот на Хрватска. Новиот предводник на „металците“ има и импресивна репрезентативна кариера во младинските хрватски репрезентации со златен медал на Европското првенство (ЕП) за кадети во 2011 година, европско сребро и две бронзи со јуниорите во 2013 односно 2008 и 2014 година како и сребро и две бронзени медали со У17 и У19 на Светските првенства (СП) во 2015 односно 2009 и 2012 година.
Назор, кој ќе биде првиот тренер од Хрватска на клупата на МЗТ Скопје Аеродром во поновата ера на клубот, доаѓа на местото на Александар Јончевски, кој, пак, претходно го замени Емил Рајковиќ со кого беше почната сезоната. Неговото доаѓање во Скопје се очекува за утревечер, а првото запознавање со играчите треба да го има в недела.
„Сино-белите“ вечерва ќе ги одмерат силите со ФМП (почеток 18 часот) во натпревар од 10. коло од АБА-лигата, на кој ќе бидат предводени од помошниците Горан Крстевски и Драган Миленковиќ, кои потоа ќе му се стават на располагање на новиот тренер. Назор пред себе ќе има една седмица до дебито на клупата на „аеродромци“, следната недела на гости против Игокеа, време кои максимално ќе го искористи за аклиматизација, напорно тренирање и поставување на сопствениот систем врз кој ќе игра МЗТ Скопје Аеродром на следните натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
-

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално производство и трговија со тутунски производи
-

СВР Куманово: Приведени четири лица, нападнале вработен во фудбалски клуб
-

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе
-

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка
