Кошарка
26. December 2020 - 11:01

НБА: Дончиќ не успеа да му се спротистави на шампионот

Дуелот меѓу Лејкерси и Далас требаше да биде празнично НБА дерби, но Леброн и другарите на свој паркет ги декласираа Маверикси со 138-115.
 
Дуелот во ЛА беше меч на два тима кои беа поразени на стартот на сезоната, а Лејкерси се погрижија празникот да го дочекаат во победничка атмосфера.
 
Во главна улога беа Ентони Дејвис и Леброн Џејмс. „Веѓата“ имаше 28 поени, 8 скока и 5 асистенции, а Леброн го следеше со 22 поени, 10 асистенции и 7 скока. Херел со 22, Шредер со 18 и Кајл Кузма со 13 поени учествуваа во триумфот.
 
Кај Далас најдобар беше Лука Дончиќ со 27 поени, 7 скока и 4 асистенции.
 
Нов пораз на кошаркарите на Денвер Нагетс, овојпат од ЛА Клиперс со 121-108. Никола Јокиќ беше најефикасен на паркетот со 24 поени, 10 асистенции и 9 скока.
 
Кај победничкиот тим Џорџ имаше 23 поени, а Ленард 21.
 
Ова беше втор пораз за Нагетси на стартот на сезоната, а Клиперси стигнаа до втората победа.
 
На останатите ноќешни мееви Мајами со 111-98 го совлада Њу Орлеанс, Милвоки беше подобар од Голден Стејт со 138-99, а Бостон на свој паркет загуби од Бруклин, 95-123.