-->
-->
НБА: Голден Стејт поведе со 2-0 против Кливленд
-->

Екипата на Голден Стејт Вориорс води во финалната серија, во НБА лигата, против Кливленд Кавалирс со 2-0. Вориорс, како и во првиот меч, убедливо го совладаа актуелниот шампион, овојпат со 132:113.
Голден Стејт, во својата „Оракл“ арена, отпорот на Кливленд го скрши во второто полувреме. Големата тројка на Вориорс (Дурент-Кари-Томпсон) постигна 87 од 132-та поена на својот тим. На спротивната страна Леброн Џејмс повторно немаше поддршка од соиграчите, на своето вообичаено ниво беше само Кевин Лав.
Дуелот помеѓу најдобрите тимови во лигата беше израмнет во првото полувреме (67:64), во третата четвртина Голден Стејт создаде предност од 14 поени, која во последниот период константно ја зголемуваа.
Кевин Дурент имаше учинок од 33 поени, 13 скокови и шест асистенции, Стеф Кари оствари трипл-дабл (32 поени, 11 асистенции и 10 скокови), а Клеј Томпсон постигна 22 коша.
Трипл-дабл во редовите на Кливленд оставри Леброн Џејмс (29 поени, 14 асистенции, 11 скокови). Одличен меч одигра и Кевин Лав (27 поени, 7 скокови), додека Кајри Ирвинг постигна 19 поени, но погоди само осум од 23-те обиди од поле.
Фналната серија сега се сели во Охајо, во Кливленд, каде првите две средби се закажани за 10. и 13.јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
