Кошарка
5. November 2015 - 9:41

НБА лига: Г. Стејт подобар во дуелот на непоразените досега

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт го задржа максималниот ефект и по пет одиграни натпревари во новата сезона, откако ноќеска го совлада ЛА Клиперс. Ова воедно беше дуел на две од трите екипи кои до овој натпревар немаа пораз.
 
Со стопроцентен учинок е и тимот на Торонто по гостинската победа кај Оклахома.
 
Резултати на десетте НБА натпревари одиграни ноќта меѓу среда и четврток:
Индијана – Бостон 100:98,
Вашингтон – Сан Антонио 102:99,
Атланта – Бруклин 101:87,
Кливленд – Њујорк 96:86,
Хјустон – Орландо 119:114,
Милвоки – Филаделфија 91:87,
Оклахома Сити – Торонто 98:103,
Феникс – Сакраменто 118:97,
Јута – Портланд 92:108 и 
Голден Стејт – ЛА Клиперс 112:108.
 
Вечер се играат пет натпревари.