Кошарка
8. March 2017 - 10:04

НБА лига: Новици ја мина границата од 30.000 поени

Играчот на Далас Маверикс, Дирк Новицки стана шестиот кошаркар во НБА лигата со постигнати 30.000 поени. Тој ноќеска на дуелот против ЛА Лејкерс постигна 25 поени и сега има 30.005 поени. Воедно тој беше и најдобриот играч во победата на неговата екипа.

Пред него на листата се топ 5 играчите:
Карим Абдул Џабар 38.387 поени
Карл Мелоун 36.928
Коби Брајант 33.643
Мајкл Џордан 32.292
Вилт Чемберлен 31.419