-->
-->
НБА: Њујорк го смени тренерот
-->
Дерек Фишер повеќе не е тренер на кошаркарите на Њујорк Никс, откако раководството на тимот му врачи отказ. Никси до крајот на сезоната ќе ги предводи досегашниот помошник на Фишер, Курт Рембис.
Њујорк, во пресрет на Ол Стар викендот, има скор од 23 победи и 31 пораз и се наоѓа на 12-то место во Источната конференција. Дерек Фишер за 18 месеци на клупата на Никси забележа 40 победи и 96 порази.
Фишер не ги исполни очекувањата на претседателот Фил Џексон, кој се споменува како нов тренер на тимот, но по завршувањето на сезоната. Покрај Џексон како нов тренер се споменува и актуелниот асистент на Стив Кер во Голден Стејт, Лук Волтон.
Инаку, Фишер како играч освои пет титули во НБА лигата, а во тој поход тренер му беше токму легендарниот Фил Џексон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите