-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт во финалето на Запад, Торонто поведе со Мајами
-->
Кошаркарите на Голден Стејт постигнаа победа од 125:121 и го совладаа Портланд со 4-1 во победи во полуфиналето на Запад. Ноќеска на дуелот одигран пред своите навивачи. Стеф Кари пред почетокот на дуелот ја доби наградата за најкорисен играч сезонава - МВП. Тој нанатпреварот го заврши со 29 поени, а во последните 30 секунди „запиша“ седум. Најефикасен беше Клеј Томсон со 33 поени. Кај Портланд Дамиан Лилард постигна 28.
Голден Стејт во финалето на Запад ќе игра против победникот од дуелот Оклахома - Сан Антонио (3-2 за Оклахома).
На дуелот на Исток Торонто го совлада Мајмаи со 99:91 и поведе со 3-2 во победи, но следниот натпревар се игра на теренот на Мајами во петок - 13.мај. ДеМар Де Розан од Торонто со 34 поени беше најефикасен.
Вечерва се игра дуелот број 6 Оклахома е домаќин на Сан Антонио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024