-->
-->
НБА:Вучевиќ херој на Орландо
-->
Орландо, ЛА Клиперс, Денвер и Бостон славеа во четирите натпревари кои се одиграа во НБА лигата.
Никола Вучевиќ погоди со звукот на сирената и на Орландо му ја донесе победата против Атланта (96:94). Црногорецот со 22 поени и девет скокови го предводеше Орландо до 22-та победа сезонава. Еван Фурние уфрли 21, а Виктор Оладипо 19 поени за Орландо, додека Атланта ја предводеа Џеф Тифг со 24 и Кент Бејзмор со 23 поени.
Крис Пол, во финишот на натпреварот во Мајами постигна две тројки со што им обезбеди победа на Клиперси против Мајами (100:93). Пол ги промаши првите девет шутеви на мечот, но потоа влезе во вистинскиот ритам и со 22 поени и седум асистенции беше предводник на својот тим. Поен помалку постигна Џамал Крафорд, додека кај Мајами Крис Бош, Двејн Вејд и Горан Драгиќ реализираа по 17 поени.
Деневер славеше во Њујорк со 101:96, а до триумфот ги предводеше поранешниот играч на Никс, Данило Галинари со 19 поени, колку што постигна и Вил Бартон. Кај Њујорк пк 21 кош реализираа Кармело Ентони и Кристапс Прозингис.
Бостон ја забележа 31-та победа во првенствоот, со која стигна до третата позиција на Истокот, зад Кливленд и Торонто. Бостон славеше над Сакраменто (128:119), а најефикасни во победата на Селтикс беа Ејвери Бредли со 25 и Ајзеа Томас со 22 поени. Центарот Демаркус Казинс со 31 поен, седум скокови и шест асистенции го предводеше Сакраменто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време