НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија .
Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење.
Според Националното биро за осигурување прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива. Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда. Точно е дека на оваа тема се разговара во регионот, но во моментов нема консензус ниту заеднички став, бидејќи членките држави на CEFTA имаат во примена сосема различни модели на функционирање на системот на зелена карта.
Од Националното Биро истакнуваат дека тoa e комплексно прашање кое што не може да се регулира поединечно, туку кога се регулира тоа мора да биде генерално. А измените околу зелениот картон зависат од:
· Внатрешните одредби и Интерните регулативи (IR) на Советот на Бироа – Брисел
· Законот за Задолжително осигурување во сообраќајот
· Склучените билатерални договори помеѓу Националните Бироа во регионот и пошироко
· Имплементираниот Тарифен систем и Правилниците на НБО ( Национално Биро за осигурување) за обработка и плаќање на штети по ЗК според Внатрешните одреби на Советот на Бироа- Брисел
Точно е дека во CEFTA Секретарјатот е отворено прашањето за некакви промени околу ЗК, но станува збор само за еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење односно не користење на Зелениот Картон (ЗК) како документ за влез со моторни возила во државите од CEFTA.
Непрактичноста на идејата за укинување на ЗК само за државите од CEFTA е дотолку повеќе што граѓаните пак ќе користат ЗК за влез во било која друга држава членка на ЕУ и потписнички на Мултилатералната спогодба одобрена од Советот на Бироа-Брисел.
Во овој момент не треба да се создава забуна кај сопствениците на моторни возила и да се шпекулира. Зелениот картон е во функција и тој е потребен.
Останува во иднина отворено прашањето за комплексноста на ЗК, неговото укинување со вклучување на премијата од ЗК, врз основа на актуарски пресметки во премијата на полисата за АО, со што се создаваат можности за вклучување на ЗК во таканаречената Мултилатерална спогодба поддржана од Советот на Бироа – Брисел и немањето на потреба од користење на Зелен Картон во сите европски држави па и во државите од CEFTA процесот.
Национално биро за осигурување (НБО)
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години