Свет
1. November 2016 - 8:34

Не мирува тлото под Италија, се тресеше целиот регион

Во текот на изминативе 24 часа во Италија се забележани серија земјотреси со различен интензитет, односно околу 25 помали потреси.

Најјакиот потрес е во централна Италија околу 4 часот утрово и бил со интензитет од 3,7 степени по Рихтеровата скала.

Земјотрес со јачина од 3,6 степени речиси во истото време ја погоди и Грција а истиот бил почуствуван и во Албанија, 

Ноќеска нешто пред полноќ земјотрес од 3 степени ја погоди Албанија.