Свет
17. February 2016 - 15:18

Не сакал да се предаде, па специјалците тргнале во акција

Откако еден човек во Дагестан орграбил спортска обложувалница полицијата му го пресекла патот. Сепак тој не се предал толку лесно како што сите очекувале.

Всушност, веднаш по грабежот полициско комбе му го пресекло патот, а кога одбил да се предаде од автомобилот и да излезе надвор од возилото, тие морале да тргнат во акција.

За само неколку секунди, специјалците го скршиле прозорот од автомобило, го извлекле надвор и го привеле.