Македонија
2. August 2017 - 12:38

Не успеа да ги спаси прасињата и кокошките - Кумановец за малку ќе изгореше во неговата плевна

Вчера рано утрото во 03,20 часот во с.Кшање-кумановско, во помошни објекти од куќата на С.Н. (63) избувнал пожар при што биле изгорени 14 прасиња, 60 кокошки и казан за ракија.

При гаснење на пожарот, сопственикот С.Н. се здобил со површни изгореници во пределот на рацете и лицето. 

Од екипа на Територијална противпожарна единица пожарот бил локализиран.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.