Не ви треба факултетска диплома за да работите за Маск
Нема потреба кандидатите за работа во „Тесла“ да имаат факултетско образование, па дури ни диплома од средно училиште – одговори Илон Маск на прашањето кои клучни зборови ги бара во апликациите на кандидатите за работа.
Извршниот директор на „Тесла“ исто така вели дека ако некој завршил добар факултет, тоа може да биде показател за успех, но не секогаш. Тој ги зема како пример Бил Гејтс, Лери Елисон и Стив Џобс и шегувајќи се вели дека тие не дипломираа, но ако сте имале шанса да ги вработите, тоа би била паметна одлука.
Маск посочува дека кај потенцијалниот работник му е важна извонредната способност што ја поседува, односно она што го издвојува од другите.
Кога ги интервјуирал кандидатите, тој го барал резимето на нивните кариери, како и да опишат како ги решавале најтешките проблеми со кои се соочиле. За да биде сигурен дека нема да се фалат со достигнувањата на некој друг, Маск ги испитувал темелно, така што само оние што навистина се наоѓале во предизвикувачка ситуација можеле да одговорат на прашањата.
Ново на Сител
-
Уставен го укина „балансерот“
-
Академијата за судии и јавни обвинители ќе добие нов директор
-
Состојба на патишта
-
Трамп одби уште една дебата со Харис
-
Најмалку двајца загинати во ураганот на Флорида, два милиони луѓе без струја
-
Телефонски разговор Бајден – Нетанјаху
-
Ердоган и Рама ќе ја инаугурираат големата џамија во Тирана
-
Сончево и топло во текот на денот, слаба утринска магла во некои котлини