Не заборавајте, ноќеска поместете ги стрелките на часовникот
Од сабота кон недела со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот по полноќ почнува летното сметање на времето.
Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.
Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври кога во три часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.
Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.
Првпат преминување од зимско на летно сметање на времето и обратно е забележано во 1916 година во државите на северна Европа, додека во западна Европа е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век.
Во државите кои се во близина на екваторот денот и ноќта траат главно еднакво така што со поместувањето на стрелките на часовникот не се добива ништо. И во поларните предели денот и ноќта траат со месеци, па поместувањето на времето не дава никакви резултати.
Во Соединетите Американски Држави летното сметање на времето не се применува во Аризона и Хаваи, а во Европа не се применува во Исланд.
Некои упатуваат на тоа дека преминувањето на зимското во летно сметање на времето и обратно предизвикува хаос во распоредот на состаноците поради прекуокеанската поделба на поместувањето на времето.
Ново на Сител
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир