Недела на грижа за стари лица
Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвениот крст на град Скопје од денеска до 25 месецов ја одбележува Неделата на грижа за стари лица.
Оваа активности е традицонална и се одбележува преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, поддржан од град Скопје, Албиз Фондација и Шпаркасе банка.
Активностите предвидуваат посета на 180 стари лица во нивните домови каде примаат грижа од на мобилни тимови на медицински сестри и волонтери на Црвениот крст; како и дневни центри за стари лица преку кои се афирмира активното стареење, а корисници се повеќе од 500 лица во трето доба.
Црвениот крст на град Скопје имплементира и сервис за стари лица преку кој негователи за стари лица даваат услуги на стари и изнемоштени лица.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
-

Мицкоски: Скандалозна е одлуката на Обвинителството за случајот со модуларните болници
-

43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје
-

Од утре температури над 40 степени, а потоа следува заладување
-

Град Скопје со мерки за контрола и намалување на трошоците за возниот парк
-

Нови колони на Табановце: Отворени осум пункта за наплата на казни

