Неделава отстранети 10 непрописно паркирани возила од јавните површини во Град Скопје
Во текот на изминатата недела со специјалните возила „пајак“ на територијата на Скопје подигнати се 10 возила од јавните површини. Само три од нив се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите се подигнати од коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.
Контролорите на зонските паркиралишта, посочуваат, во истиот период санкционирале вкупно 90 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 10 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Градот.
Ново на Сител
-
Десетици жртви во повеќенеделен топлотен бран во Мексико
-
Честитка од Љупчо Димовски, претседател на СПМ по повод 24 мај
-
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Најмалку 14 загинати во пожар во Ханој
-
САД воведуваат визни ограничувања за Грузијците
-
Џефри Ховениер: Приштина во 2013 година се обврза за ЗСО