Неготино обезбеди 260 илјади евра за изградба на дел од патот кон село Вешје

Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша договорот со Светската банка за обезбедување грант во висина од 260.000 евра кои ќе бидат наменети за изградба на делница од патот Горни Дисан-Вешје во должина од 638 метри, соопштија денеска од службата за информирање при неготинската Локална самоуправа.
- Се работи за пат кој е во најлоша состојба и не ги овозможува ниту минималните стандарди за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, а токму ваквата состојба на овој патен правец ја наметна и потребата од негова итна изградба и асфалтирање, појаснуваат од службата за односи со јавноста при општината.
Потсетија дека веќе извесен период на патот од Горни Дисан до Вешје се одвиваат градежни активности на делница во должина од 800 метри и истата е во фаза на изградба преку ИПАРД Програмата за рурален развој.
- Една фаза од работите на овој патен правец во должина од 400 метри е предмет на реализација со проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција „Поддршка и развој на економија на пчелни семејства во прекугранична област“. На овој начин, преку трите фази на реализација ќе се добие една функционална целина и изградба и асфалтирање на патот Г.Дисан-Вешје, подвлекуваат меѓу другото од службата.
Новоизградениот пат ќе овозможи подобро сообраќајно поврзување на населените места во овој дел на општината и подобрување на комуникацијата во регионот, а директни придобивки ќе имаат и голем број семејства од неготинска и соседните општини кои го користат патот за обработка на сопствените земјоделски површини.
Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
