Џет-Сет
5. November 2017 - 19:19

Некогаш беа другарки: Еве како Карлеуша го искоментира разводот на Ана Николиќ

Јелена Карлеуша и Ана Николиќ пред неколку години беа блиски другарки. Тие двете повеќе не се дружат, а ЈК се осврна на разводот на поранешната другарка.

-Се надевам дека тоа не е вистина, искрено, рече Јелена кратко, а пото се осврна на фактот дека браковите на естрадата често пукаат.

„Во денешно време никој не сака да се бори за бракот, сите си го гледаат својот задник“, рече Јелена.

Таа наскоро полни цела деценија од бракот со фудбалскиот репрезентативец Душко Тошиќ и секогаш истакнуваше дека за тој брак лавовски се борела и дека воопшто не и било лесно.

Ново на Сител