Џет-Сет
24. September 2018 - 19:20

Некогаш пееше „Марионка“: Дваесет години подоцна слушнете го со „Ѓердан“

Васил Гарванлиев, момчето познато по детскиот евергрин „Марионка“, по речиси дваесет години се враќа на македонската музичка сцена со песната „Ѓердан”, авторско дело на Саша Драгиќ, со текст на Весна Малинова и аранжман на Диран Тавитјан.  
 
„Ѓердан“ е песна за сите нас. Песна за нашите животи, судбини и искуства. Сите ние со нашата уникатност и приказни сме дел од нескршливиот ѓердан на нашата земја – вели Васил за својата нова песна.
Спотот за песната се снимаше пет денa на различни локации низ Македонија, а во него Васил се појавува како патувачот чија мисија е да наниже ѓердан од приказните на луѓето.