Неколку работи за сперматозоидите што не сте ги знаеле
Околу 20 милиони сперматозоиди се сместени во 1 милилитар сперма. Верувале или не дневно мажите произведуваат по 100 милиони сперматозоиди.
Во ејакулат од 2-6 ml има околу 3-5% сперматозоиди, а за да ја оплодите жената потребни ви се околу 10 до 20 милиони, но само оние кои се барем 50, 60% подвижни.
Бавните, заспаните, немаат шанса за успех. Кога сперматозоидите ќе го најдат патот до целта се движат со брзина од 3-4mm во минута.
Кога е во прашање нивниот “животен век“, во мажите сперматозоидите преживуваат околу 1 месец, но кога ќе се најдат во вагината издржуваат максимум неколку часа од 4 до 24, а на грлото на матката и до 7 дена.
Ејакулатот можеби содржи калории, но не дебелее. Просечно има околу 5 калории. Има и свој вкус кој се менува во зависност од исхраната на мажите.
Природно, спермата има малку солен вкус. Ако сакате да биде слатка пијте дневно 1,5 литри сок од ананас.
Можеби сакате пиво и утринско кафе, но спермата од нив добива ужасен вкус. Лукот, иако е здрав дава киселкаст вкус.
Пушењето и консумацијата на зачинета храна исто така влијае негативно на семената течност.
Што можете да направите?
Зголемете го внесувањето на овошје и зеленчук, особено лубеници, брусница, манго и грејпфрут. Додајте цимет, лимон, нане и целер на менито.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево