Зголемена довербата во преработувачката индустрија
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули годинава, според оценката на раководителите на деловните субјекти, е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец и за 5,6 процентни поени во споредба со истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули годинава во споредба со претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката, пак, за економската состојба на деловните субјекти е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на јули 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2016 година изнесува 64,9 отсто од нормалното искористување.
Според Државниот завод за статистика, најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 26,2 отсто, недоволната домашна побарувачка со 21,4, недостигот на квалификувана работна сила со 14,7 и неизвесното економско опкружување со 8,9 отсто.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда